Дубаи чоколадото е голем хит во Европа и во Германија во последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божиќните пазари / Photo: AA

Во примероците на т.н „Дубаи чоколадо“ увезени во Германија утврдено е дека има многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случаи на измами до опасности по здравјето, речиси сè беше откриено во првите тестови на увезената чоколада“, рече министерот за заштита на потрошувачите на Баден-Виртемберг Петер Хаук.

Во сите осум испитувања што ги спроведе провинциската Канцеларија за хемиски и ветеринарни истражувања, беа пронајдени загадувачи, алергени, вештачки бои и масти кои не се путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадото.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки ѝ не поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.

Испитуваните „Дубаи чоколади“ во најголем број се производи увезени од Обединетите Арапски Емирати.

Во некои чоколади е пронајден сусам, иако не бил наведен на амбалажата, а во некои и палмино масло, кое исто така не било декларирано како состојка во чоколадото.

Според анализата, чоколадата од Обединетите Арапски Емирати била контаминирана во текот на процесот на производство до таа мера што е непогодна за човечка исхрана.

Кај сите чоколади е пронајдено зголемено количество на вештачки бои кои „сугерираат поголем процент на состојки како замена на вистинските“, т.е. крем од ф'стаци.

Дубаи чоколадото е голем хит во Германија во последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божиќните пазари.


TRT Balkan / агенции
Популарни