Големиот египетски музеј конечно ги отвора вратите по повеќе од две децении и 11 долги години подоцна од планираното отворање. Камен-темелникот беше поставен уште во јануари 2002 година, требаше да биде завршен во 2013 година, но отворањето континуирано се одложуваше.
ГЕМ ќе биде најголемиот археолошки музеј во светот со површина од 490.000 квадратни метри. Се очекува дека ќе бидат изложени повеќе од 100.000 артефакти, вклучувајќи ја и комплетната колекција на артефакти од гробницата на Тутанкамон, која содржи 5.500 предмети.
Како што пишува британски Телеграф, светската јавност никогаш не видела нешто слично, ниту со толку нетрпение очекувала отворање на музеј.
Соопштението дојде ненајавено во понеделникот од египетскиот премиер Мостафа Мадбули.
Трошоците за изградба на овој мега-музеј се проценуваат на повеќе од една милијарда американски долари.
ГЕМ ќе ги отвори 12-те сали со експонати за древниот Египет во неговите главни галерии, почнувајќи од оваа недела, во пробна серија пред сè уште ненајавеното официјално отворање.
Музејот, мега-проект во близина на познатите пирамиди во Гиза, на 16 километри југозападно од Каиро, кој досега чинеше над 1 милијарда долари, ќе ги отвора салите за 4.000 посетители дневно почнувајќи од среда, рече Ал-Тајеб Абас, помошник на министерот за антиквитети.
Отворањето на ГЕМ би можело значително да го подобри туризмот во Египет, да привлече дополнителни посетители и да ја зајакне економијата, особено ако се има предвид очекувањата за отворање на музејот и фактот што тој стана контроверзен во повеќе од две децении без дури и да ги отвори вратите.
Туроператорите и авиокомпаниите веќе се подготвуваат за зголемување на бројот на посетители.
ГЕМ, тврдат во Египет, не е само музеј, туку и симбол на модерен Египет.
Отворањето на музејот го претставува враќањето на Египет на светската културна сцена, особено во контекст на неодамнешните турбуленции во земјата.