Отворен во јануари 2023 година, музејот беше основан врз основа на верувањето дека целата медиумска опрема, освен хартијата и каменот, на крајот ќе „изумре“ / Photo: Reuters

Музејот на изумрена медиумска технологија во центарот на Токио е достоен на своето име.

Од Бетакам видео ленти до флопи дискови и стари уреди на Сони, музејот прикажува стари камери и телекомуникациска опрема, вклучувајќи ја и јапонската камера Лили од 1916 година, кок е најстар експонат на изложбата.

Во музеј со три соби со преполни полици, посетителите како 59-годишната Мика Мацуда можат за момент да се повлечат назад во времето и да ги видат уредите што некогаш биле во секојдневна употреба.

„Ова е фасцинантно не само за генерациите кои не се запознаени со овие предмети, туку и за оние кои живееле во тоа време. Гледајќи околу нив, се чувствувам како да се сеќавам на нашите сопствени животи. Ме потсетува на тоа како беше тогаш... Толку се забавував“, рече Мацуда.

Отворен во јануари 2023 година, музејот беше основан врз основа на верувањето дека целата медиумска опрема, освен хартијата и каменот, на крајот ќе „изумре“, објасни заменик-кураторот на музејот Барбара Асука.

Jапонската камера Лили од 1916 година е најстар експонат на изложбата / Photo: Reuters Reuters

„Повеќето донирани предмети се прикажани така што посетителите можат да ги држат во раце, овозможувајќи им целосно сетилно искуство. Со држење на некој предмет можете да добиете многу информации, како мирис.Сакаме посетителите да ги искусат овие предмети со сите пет сетила, а не само да ги гледаат низ стакло“, додаде Асука.

Музејот добива донации од посетители како Хисаши Ито, кој донесе мал рачен часовник и касети од неговата приватна колекција.

„Дури и да ги чувам дома, веројатно ќе бидат фрлени кога ќе умрам. Претпочитам да ги споделам и да ги оставам луѓето да уживаат во нив“, вели 56-годишниот дизајнер на автомобили.

TRT Balkan / агенции
Популарни