Планината Фуџи покриена со снег е најпрепознатлив симбол на Јапонија / Photo: Reuters

Јапонскиот град Фуџикавагучико постави голема мрежна бариера на популарното место за гледање на планината Фуџи во обид да го одврати зголемениот број туристи од фотографирање.

Најпознатата глетка во Јапонија може да се види со километри наоколу, но на локалното население во Фуџикавагучико им е преку глава од приливот на претежно странски посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат во приватен имот и ги кршат сообраќајните правила во потрага по фотографија за споделување на социјалните мрежи.

„Паркирајќи незаконски и игнорирајќи ја забраната за пушење, тие се собираа на тротоарот за да ја фотографираат планината покриена со снег како фотогенично се издигнува на небото зад продавницата“, велат жителите.

Работниците почнаа да ја поставуваат црната мрежа од 2,5 на 20 метри во вторникот, а до доцна утрото тие веќе завршија, изјави репортер на АФП од местото на настанот.

„Се надевам дека мрежата ќе ги спречи овие опасни акции на туристите“, изјави за AФП жителот Мичи Мотомочи (41), кој води традиционална јапонска слаткарница.

„Мислам дека е разочарувачки што ја поставуваат. Се уште е култна сцена. Бевме овде синоќа, успеавме да ја снимиме последната снимка пред да го постават ѕидот, а имаше толку многу луѓе“, изјави Кристина Ројс (36), туристк од Нов Зеланд.

„Но таа одлука е сосема разбирлива. Прилично е опасно поради густиот сообраќај. Има и други места каде што можете да ја фотографирате планината“, објаснува туристката.

Црна мрежа од 2,5 на 20 метри го покри омиленото туристичко место за селфи Reuters
TRT Balkan / агенции
Популарни