Јапонскиот турист Котаро Такада (30) пропатувал стотици километри низ Туркије со магаре. Такада, кој претходно посетил многу земји, го започна своето патување низ Туркије во мај оваа година во областа Мерзифон во Амасија, една од северните провинции на земјата.
Тој со магаре што го купил во Мерзифон тргнал на пат од север кон запад на земјата и со него посетил разни историски и културни знаменитости на земјата долги стотици километри. Меѓу дестинациите што ги посетил е и Кападокија, антички регион во провинцијата Невшехир во централна Туркије.
За време на патувањето престојувал во хотели, но и кај турски семејства кои сакале да го угостат.
Последната дестинација на јапонскиот авантурист пред враќањето во татковината била провинцијата Измир, на западот на Туркије. Таму, на локалната фарма, го оставил магарето кое му било придружник низ единственото патување во неговиот живот.