Јапонскиот Парламент денес усвои нов закон за запирање на падот на наталитетот, бидејќи минатата година земјата забележа најниска вкупна стапка на фертилитет.
Според новиот закон, Владата ќе ги зголеми детските додатоци и ќе го продолжи родителското отсуство.
Донесувањето на новиот закон доаѓа во време кога Владата на премиерот Фуми Кишида „го гледа периодот до 2030 година како последна шанса да се смени трендот, при што доцните бракови и финансиските грижи често се наведуваат како причини за падот на наталитетот“, објави новинската агенција „Кјодо њуз“.
Владината статистика откри дека вкупната стапка на фертилитет во Јапонија минатата година паднала на најниската стапка од 1947 година, од кога се водат евиденциите.
Стапката на фертилитет, која го покажува бројот на деца што една жена ги очекува, падна на 1,20.
Исто така, осма година по ред Јапонија, дом на околу 125 милиони луѓе, е сведок на континуиран пад на наталитетот.