Најпребарувани содржини на платформата се спортот и мемињата со над 40 отсто од вкупните прегледи / Photo: AA

Компанијата Касперски (Kaspersky) во петокот го објави својот годишен извештај за тоа што децата најмногу гледаат и пребаруваат на интернет.

Според анализата, кога станува збор за апликациите, се покажа дека децата најмногу гледаат ЈуТуб со дури 28 отсто од вкупното време поминато пред екранот, но специјализираната детска апликација ЈуТуб Кидс и ЈуТуб Мјузик ги гледале само 2,47% и само 0, 57 проценти од времето.

На второто место е ТикТок со 14,7 проценти, па ВатсАп со 14,6 проценти, Инстаграм е на четвртото место со 9 проценти, па пребарувачот Хром со 6,8 отсто од времето кое децата го поминуваат додека се на интернет.

ВатсАп е лидер во однос на платформите кои овозможуваат размена на пораки, па следен на листата е Телеграм со 1,19%, па Фејсбук Месинџер 1,07%), Дискорд 0,92% и Вибер 0,61%.

Слично е и кај популарноста на социјалните мрежи, па по апсолутниот шампион ТикТок и Инстаграм следат Снепчет со 3,18 отсто, Фејсбук со 1,66% и на последно место е Пинтерест со 0,86 отсто од времето кое децата го поминувале на интернет.

Во однос на пребарувањата на ЈуТуб, најмногу или 21,88 отсто биле спортски содржини, а на второто место се мемињата со 16,29 отсто.

Најпопуларната игра на мобилните уреди е Роблокс, која е меѓу топ 10 апликации со 6,19 отсто од времето поминато на интернет. Децата поминале повеќе време на неа од која било друга игра. Интересно е што вечниот ривал на Роблокс, Мајнкрафт заостанува на третото место со 0,82% и зад Браул Старс со 3,06 %. Последната игра во највисокото рангирање е Батл Ројал Фри Фајр 0,60%.

Од Касперски потенцираат дека ова истражување го направиле за да им помогне на родителите подобро да ги запознаат навиките на своите деца додека се на Интернет и да им понуди дигитални решенија кои ќе им овозможат да ги заштитат своите деца од потенцијални негативни искуства.

Најновата анализа се базира на анонимни податоци, прашања за пребарување, најпопуларните апликации за Андроид и Виндоус, доброволно поднесени од корисниците на Касперски Сејв Кидс.

Во извештајот беа анализирани податоци за мобилни (Андроид) и десктоп платформи (Виндоус).

Експертите од компанијата се потрудија да ги објаснат најновите трендови од онлајн светот со цел да им помогнат на родителите.

Кога станува збор за блогерите, чија содржина главно е посветена на гејминг, доминираат пребарувањата на платформата ЈуТуб, а оваа категорија главно ја сочинуваат стримери и оние кои прават рецензии.

Најпопуларните гејмерски инфлуенсери во светот се ССанди (SSundee), Афмау (Aphmau), КрикКрафт (KreekCraft).

На платформата Јутјуб во претходната година децата најмногу го бараа мемето „Gegagedigedagedago“, кое беше многу популарно, особено кај најмладата популација.

Најпопуларни музички жанрови кај децата беа Фонк (Phonk) и Најткор (Nightcore), како и песните Шиш од Бејбимонстерс и Карма од Џоџо Сива, како и целиот репертоар на Тејлор Свифт.

TRT Balkan / агенции
Популарни