Дејвид Лохриџ, поранешен директор за поморски операции на ОушнГејт (OceanGate), изјави дека несреќата на подморницата Титан, која се случи во јуни 2023 година, можела да биде спречена ако поплаките што ги пријавил до властите биле навремено проценети.
Подморницата Титан последен пат нурна на 18 јуни 2023 година во обиколка на потонатиот брод Титник и изгуби контакт со својот брод за поддршка околу два часа подоцна.
Секоја надеж да се најдат членовите на екипажот живи заврши на 22 јуни кога крајбрежната стража објави дека остатоците од подморницата биле пронајдени во близина на местото каде што Титаник почива на дното на океанот.
Според Си-Ен-Ен, во изјавата пред судот, Лохриџ рече: „Оваа трагедија можеше да се спречи доколку американската Управа за безбедност и здравје при работа (ОСХА) се обидеше да ги истражи многуте жалби што ги поднесов“.
Лохриџ рече дека се обидел да стигне до OСХA за да разговара за подморницата Титан откако бил отпуштен од компанијата во 2018 година. Тој сакаше да им ја пренесе својата длабока грижа за безбедноста на подморницата.
Тој го изрази своето разочарување што Управата не ги истражила овие жалби. Наведувајќи дека негова должност во компанијата била да ја гарантира безбедноста на екипажот, Лохриџ изјавил дека верува оти никој освен него не е квалификуван да биде пилот и дека овие луѓе се чуваат во компанијата за „шоу“.
„Сите стари експедиции што ги гледате на социјалните мрежи имаа проблеми“, рече Лохриџ, тврдејќи дека активностите на компанијата биле „измами“.
Наведувајќи дека акрилниот прозорец на подморницата е сертифициран за длабочина од 1.000 метри, Лохриџ рече дека им рекол на OСХA дека „ОушнГејт“ сака да ја спушти подморницата на 4.000 метри“ без да ги информира луѓето во експедицијата за карактеристиките на прозорецот.
Лохриџ тврдеше дека компанијата ја игнорирала загриженоста на производителот на прозорци за оваа ситуација и понудата на производителот да произведе прозорец што може да издржи притидок до длабочина од 13.000 метри.
Обвинувајќи ја компанијата за игнорирање на правилата и прописите поставени од искусни луѓе, Лохриџ изјави дека компанијата се обидувала да оствари најголем профит за најкратко време.
Лохриџ нагласи дека повеќето инженери во тимот се штотуку дипломирани, а некои од нив немаат ниту високо образование и дека во тимот нема искусни работници.
Од друга страна, претставници на компанијата ОушнГејт одбија да ги коментираат изјавите на Лохриџ.
Во подморницата беа британскиот милијардер Хамиш Хардинг, кој беше сопственик на компанијата Екшн Авиејшн, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Солејман Давуд, францускиот пилот на подморницата Пол Хенри Наргеолет и Стоктон Раш, основач и извршен директор на ОушнГејт, кој беше сопственик на бродот и ја организираше мисијата.