Враќање на отпишаните: Аудио касетите сѐ попопуларни во САД     Фото: АФП

Пандемијата од коронавирусот (Ковид-19) во изминатите две години оневозможи одржување концерти и музички настани, а љубителите на добриот звук алтернатива најдоа во грамофонските плочи. Носталгијата кон времињата од минатото, квалитетниот звук, интересниот дизајн и вонредните услови во време на пандемијата кај многу луѓе на глобално ниво ги вратија во употреба винил-плочите.

Но она што е уште поинтересно е зголемениот интерес за аудио касетите во САД. Продажбата на аудио касети во САД речиси се удвоила, од 173.000 во 2020 година, на 343.000 во 2021 година, објави сајтот „Луминејт“ (Luminate), кој објавува податоци од светот на музиката, филмот и телевизијата.

И досега, оваа 2022 година, продажбите на касетите во САД стигнаа до вĸупно 215.000 ĸасети, што сигнализира можен натамошен раст.

Меѓу уметниците ĸои неодамна продаваа музиĸа снимена на ĸасети се Били Ајлиш, Виĸʼнд и Ози Озборн, нотира истражувачĸата Паулина Пчелин.

Безвременска привлечност за колекционерите

Гледано од поголема временска дистанца, според медиумските извештаи и во САД, но и во некои европски земји, меѓу кои и во Велика Британија, продажбата на музички касети расте во последните неколку години.

Шефот на британската фонографска индустрија Џеф Тејлор, овој феномен го објаснува како „безвременската привлечност за колекционерите на физичките формати што можат да се собираат“.

Што се аудио касети?

Аудио касети, или компакт касети се користат за снимање и репродукција на звук. Касетите ги разви компанијата „Филипс“ ( Philips) во 1963 година, во Берлин, Германија.

Снимањето и репродукцијата на звукот се врши со помош на касетофон кој овозможува снимање на касетата, на која се наоѓа магнетна трака. Звукот се чита со помош на посебни електромагнети на магнетната трака во касетата.

Првиот Светски ден на продавниците на касетите одбележан е на 7 септември 2013 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни