Кафулето привлекува внимание со својата внатрешност, со шарените теписи закачени на ѕидовите од кал, старите фотографии од Ербил и фотографиите на кафулето „Ебу Кахвеџи“.        Фото: АА

Првото градско кафуле, кое беше отворено во 1882 година под името „Ебу Кахвеџи“ во историското кале во градот Ербил, Ирак, и работеше до 1983 година, повторно е отворено.

Али Кахвеџи, внукот на Ебу Кахвеџи, повторно го отвори кафулето на неговиот дедо во чаршијата Кајсери во центарот на градот.

Кафулето привлекува внимание со својата внатрешност, со шарените теписи закачени на ѕидовите од кал, старите фотографии од Ербил и фотографиите на кафулето „Ебу Кахвеџи“.

Наведувајќи дека сака да го задржи споменот на својот дедо, внукот Кахвеџи за Агенција ја раскажа историјата на првото кафуле во градот.

„Кафулето го посетуваа и високи функционери“

Наведувајќи дека кафулето на Ебу Кахвеџи е отворено кај калето во Ербил како прво кафуле во 1882 година, Кахвеџи рече дека подоцна е преселено во централниот парк во центарот на градот каде што луѓето поминувале време од утро до вечер.

Али Кахвеџи, внукот на Ебу Кахвеџи, повторно го отвори кафулето на неговиот дедо во чаршијата Кајсери во центарот на градот. Others

„Ми беше кажано дека во тоа време кафулето го посетувале луѓе од Ербил и неговата околина и дека покрај граѓаните, тука доаѓале и високи функционери да разговараат за разни прашања“, рече тој.

Тука работеше и Мам Халил, сопственикот на чајџилницата „Мам Халил“

Потсетувајќи дека кафулето работела сѐ до 1983 година, Кахвеџи рече дека тоа било затворено затоа што вработените ја оставиле работата за да продолжат со своето образование.

„Во тоа време кафето доаѓало од Бразил и Јемен. Потоа кафето во зрна се мелело дома, а наутро им се служело на гостите“, нагласи Кахвеџи.

Наведувајќи дека еден од вработените кај неговиот дедо бил Мам Халил, сопственик на познатата градска чајџилница „Мам Халил“, Кахвеџи рече дека тој подоцна отворил свое и кафуле.

По 39 години повторно отворено во историската чаршија Кајсери

Кахвеџи рече дека во историската чаршија Кајсери повторно го отворил кафулето кое е наследство од дедо му и кое беше затворено 39 години:

„Во моментов има 20 вида кафе, обично кафе, „Османи“, со ф'стаци... Кафето го добиваме од Бразил и Уганда. Кафето од Истанбул се меле во нашиот објект. Најпопуларно е обичното кафе.“

Мам Нешет Абдук Баве (72), еден од редовните гости на кафулето „Абу Кахвеџи“ пред да биде затворено, рече: „Кафулето беше на убаво место. Освен чај и кафе, имаше и маса за пинг-понг. Доаѓаа и познати личности.“

Баве додаде дека е многу среќен поради повторното отворање на кафулето.

AA
Популарни