Можно е да бидат потребни неколку недели или месеци за да се обработи ДНК и да се потврди конечната идентификација на видот / Photo: Одделот за заштита на Нов Зеланд

Редок вид кит исфрлија водите на брегот на Нов Зеланд, а официјалните претставници велат дека „ништо не се знае“ за таков вид кит.

Китот е пронајден минатата недела покрај плажата во близина на Таиари Маут на подрачјето Отаго на Јужниот Остров од локалното население кое го известило Одделот за заштита.

Долг околу 5 метри, во соопштението на Одделот се вели: „Се чини дека суштеството е машки клунест забест кит - вид што е толку редок, речиси ништо не е познато за нив.“

Официјалниот претставник од Одделот за заштита, Гејб Дејвис, рече: „Ако се потврди, ова ќе биде многу значајно научно откритие.“

„Клунестите забести китови се едни од најслабо познатите големи видови цицачи на модерното време. Од 1800-тите низ светот се документирани само шест примероци, а сите, освен еден од нив, документирани се во Нов Зеланд. Од научна и гледна точка на конзервација, ова е нешто огромно“, рече Дејвис.

Одделот работи на следните чекори на правење план за остатоците од китот.

„Ваков свеж примерок ја нуди првата можност досега да се сецира клунест забест кит“, се наведува понатаму.

Одделот прати генетски примероци до Универзитетот во Окленд како куратор на Новозеландската архива на китово ткиво.

Можно е да бидат потребни неколку недели или месеци за да се обработи ДНК и да се потврди конечната идентификација на видот, се додава во соопштението.

AA
Популарни