Битлси беа тема на бројни документарни филмови, како што е серијата „The Beatles: Get Back“ во режија на Питер Џексон / Photo: AP

Познатата музичка четворка од Ливерпул се враќа на големото платно, објави во вторникот Sony Pictures, објаснувајќи дека секој член на легендарните Битлси ќе биде овековечен во биографски филм на големото платно во режија на Сем Мендес.

„За прв пат издавачката куќа на Битлси, Apple Corps Ltd., Пол Макартни, Ринго Стар и семејствата на Џон Ленон и Џорџ Харисон ги дадоа правата да ги користат нивните животни приказни и музика за сценарио и снимање филмови“, објави студиото.

Пипа Харис, која заедно со Мендес ќе ги режираа филмовите истакна дека „планирале тоа да биде уникатно, возбудливо, епско кинематографско искуство.

„Четири филма, раскажани од четири различни перспективи, кои ја раскажуваат истата приказна за најпознатиот бенд на сите времиња“, рече таа.

Филмовите се очекува да бидат прикажани во 2027 година.

Во април 1970 година, шест месеци по објавувањето на албумот „Abbey Road“ и еден месец пред „Let It Be“, членовите на познатиот британски бенд објавија дека се распаѓаат.

Десетгодишната соработка меѓу Мекартни, Ленон, Харисон и Стар резултираше со 14 најпродавани албуми, речиси милијарда продадени плочи и неколку филмови.

Но по распадот, семејствата на членовите на бендот не дадоа дозвола приказната за Битлси да се прикаже на филмсото платно.

Минатата есен, новата песна „Сега и тогаш“, првично снимена пред четири децении како демо, беше произведена и објавена со помош на вештачка интелигенција. Таа беше на врвот на британската топ листа.

Битлси беа тема на бројни документарни филмови, како што е серијата „The Beatles: Get Back“ во режија на Питер Џексон.

Мендес, режисерот познат по блокбастерите како „Американска убавина“, филмовите за Џејмс Бонд „Skyfall“ и „Spectre“, вели дека е „чест да му се даде можност да ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“.

Во последните години е забележан „бум“ на стриминг платформите и во кината, што подразбира снимање документарни и биографски филмови за познати личности од светот на музиката. „Боемска рапсодија“ е приказна за групата Квин, „Елвис“ го опиша бурниот живот на Елвис Присли, „Тина“ ја овековечи Тина Тарнер, а „Ракетмен“ откри како Елтон Џон го освои светот на поп музиката.

TRT Balkan / агенции
Популарни