Бахадир Озкалканкли, љубител на кактуси од Измир, Туркије, има импресивна колекција од околу 300 кактуси што ги одгледува во дворот и на балконот на својот дом,
Озкалканли(50), кој работел во различни текстилни компании во Истанбул, пред 20 години за време на своето службено патување купил кактус во Баликесир, импресиониран од боите на кактусот.
Така започнал неговиот интерес за кактуси, па од секое патување се враќал со нови кактуси.
Озкалканли создал посебна област во својата куќа со зголемувањето на бројот на растенија. Но тој се пензионирал пред околу 2 години, по што се преселил во Измир.
Тој објаснува дека кога се преселил во Измир, неговите кактуси останале во Истанбул, но неговото хоби за овој вид растение продолжило.
Со помош на своите пријатели, тој добил околу 300 кактуси, од кои дел потекнуваат од Аргентина, Еквадор, Бразил и Мексико. Некои од нив ги одгледува во дворот, а другите на балкон.
Во изјавата за новинарот на Анадолу Агенција вели дека на почетокот се чувствувал осамено без своите кактуси.
„Они се како моите деца. Ако некој од нив свитка трн, го чуствувам“, рече Озкалканли, објаснувајќи го интересот што го покажува за своите растенија.
Тој исто така сподели дека многу луѓе ја посетуваат неговата куќа за да ги видат кактусите.