Вистинското решение за Газа е да се поттикне доброволната миграција во земјите што прифаќаат бегалци, рече Смотрич / Photo: AA

Екстремно десничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, тврди дека 70 отсто од израелскиот народ ја поддржува „доброволната миграција“ на Палестинците кои живеат во блокираниот Појас Газа, пренесува Анадолу.

Смотрич во соопштение го повтори повикот за „доброволна миграција“ на Палестинците од Газа, и покрај реакциите на меѓународната заедница, особено на Соединетите Американски Држави (САД).

Тој посочи дека доброволната миграција на Палестинците од Газа, која е уништена од израелските напади, е хуманитарно решение.

Додаде дека овој план ќе донесе мир и просперитет за сите луѓе во регионот.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич објавија претходно дека ја поддржуваат „доброволната миграција“ на Палестинците од Појасот Газа.

„Вистинското решение за Појасот Газа е да се поттикне доброволната миграција во земјите што прифаќаат бегалци“, рече Смотрич.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер ги опиша изјавите на израелските министри Смотрич и Бен Гвир за „доброволна миграција“ на Палестинците како „провокативни и неодговорни“.

AA
Популарни