Израелските војници киднапирале русокоси палестински деца со тврдење дека тие би можеле да бидат „заробеници од Израел / Photo: AA

Од почетокот на жестоките израелски напади на 7 октомври во Појасот Газа исчезнаа речиси 7.000 лица, вклучително и жени и деца, од кои повеќето страдаа под урнатините на бомбардираните згради, а некои се киднапирани од страна на израелската војска, пренесува Анадолу.

Повикувајќи се на сопствени извори, палестинската агенција ВАФА јавува дека многу палестински семејства се разделени поради израелските напади и принудните миграции, а семејствата изгубиле контакт со своите деца поради прекинот на интернет и телекомуникациските услуги.

Овој извор наведува дека израелските војници влегувале во домовите на палестинските семејства во Појасот Газа, тепале цивили и киднапирале некои луѓе, меѓу кои и жени и деца.

Беше наведено дека војниците киднапирале русокоси палестински деца со тврдење дека тие би можеле да бидат „заробеници и на Израел“.

Семејството на Палестинецот Ружди ез-Заза, чија сопруга и двете деца по име Мухамед (4) и Зејн (6) беа киднапирани кога пред околу еден месец беше извршена рација во нивната куќа, се наведува како пример за таквата практика на израелските сили.

Подоцна израелските војници му кажале на Заза дека децата биле земени затоа што се русокоси и дека „постоела можност да се затвореници од Израел во Газа“.

Заза е ослободен по еден месец заробеништво, но се уште не знае ништо за судбината на сопругата и децата.

AA
Популарни