Израел уби над 30 раселени Палестинци во безбедните зони во Газа / Photo: AA

Израелската армија изврши шест масакри во рок од три дена со насилно протерување луѓе во областите за кои тврдеше дека се „безбедни“ во градот Рафах во јужниот дел на Газа, а потоа ги бомбардираше. Тоа резултираше со смрт на 31 лице, соопшти денеска канцеларијата за владините медиуми во Газа.

„Геноцидната војна против цивилите, децата и жените во Појасот Газа ќе остане дамка на човештвото и на целиот свет кој беше сведок на овие злосторства не направи ништо за да стави крај на оваа неморална геноцидна војна“, се вели во соопштението на канцеларијата.

Канцеларијата ја повика меѓународната заедница „да стави крај на сеопфатната геноцидна војна на израелската окупаторска армија во палестинската енклава“.

Израелската армија пушта летоци, повикувајќи ги луѓето да се евакуираат во таканаречените „безбедни“ области.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.

Според здравствените власти на Газа, досега убиени се најмалку 22.313 Палестинци, а 57.296 други се повредени, додека во нападот на Хамас убиени се речиси 1.200 Израелци.

Израелскиот напад ја остави Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

AA
Популарни