Шефот за помош на ОН предупреди дека здравствениот сектор во Појасот Газа се влошува поради тековниот напад од Израел.
„Здравствениот сектор во Газа полека се задушува бидејќи болниците цело време се на удар. И што се случува кога здравствениот систем ќе пропадне? Трудниците не можат безбедно да ги родат своите бебиња. Децата не можат да добијат вакцини. Болните и ранетите не можат да се лекуваат. Луѓето умираат“, напиша Мартин Грифитс на X. „Оваа војна треба да заврши“.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, изјави дека има повеќе гранатирање во околината на болницата Ал Акса во Деир Ал Балах.
„Нашите хуманитарни партнери велат дека од вчера, на располагање се само една петтина од 5.000 кревети потребни за задоволување на итните потреби во Газа.
„И од 77 примарни здравствени центри, повеќе од три четвртини не функционираат - оставајќи многу луѓе во Газа без пристап до основните здравствени услуги“, рече Дужарик во изјава за новинарите.
„Здравствениот систем на Газа во основа е колабиран“
Тој додаде дека 350.000 луѓе со хронични болести и околу 485.000 со нарушувања на менталното здравје имаат прекини во нивните третмани.
Дужарик предупреди дека 1,9 милиони луѓе кои биле внатрешно раселени поради конфликтот се „изложени на висок ризик“ од заразни болести поради лошите услови за живеење, пренатрупаните засолништа и недостатокот на пристап до соодветна вода, санитарни и хигиенски објекти.
„Здравствениот систем на Газа во основа е пропаднат. Има многу малку болници кои се всушност оперативни и кои работат повеќе од нивниот капацитет и залихи“, рече тој.
Израел ја нападна палестинската енклава по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што според здравствените власти загинаа најмалку 23.357 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени 59.410 други. Се верува дека околу 1.200 Израелци биле убиени во офанзивата на Хамас.
Според Он, околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени, додека целото население е трпи недостаток на храна.. Стотици илјади луѓе живеат без засолниште, а многу малку камиони со хуманитарна помош влегуваат на територијата на Палестина.