Талат Џафери     Фото: АА

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на социјалните мрежи објави снимка од штетите на зградата и во внатрешноста на законодавниот дом предизвикани за време на протестите во Скопје против францускиот предлог. Тој го осуди насилството на протестите.

„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам насилство, хулиганство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение”, напиша Џафери на Фејсбук.


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на социјалните мрежи објави снимка од штетите на зградата и во внатрешноста на законодавниот дом     Фото: Фејсбук

Од собраниските служби изјавуваат дека не е направена проценка на вредноста на предизвиканата штета.

Погледнете ги видеата објавени на Фејсбук страната на Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

TRT Balkan / агенции
Популарни