Влада на Република Северна Македонија

Францускиот предлог за тргање на бугарското вето за македонската евроинтеграција се сели од македонската Влада во Собранието на Северна Македонија.

Македонската Влада на денешната седница ја разгледала информацијата од Министерството за надворешни работи за предлог преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ, информираат од Владата.

„На седницата се одлучи предлог-преговарачката рамка да се проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци согласно процедурите”, се вели во владиното соопштение.

Вчера во Клубот на пратенции во Скопје, за забелешките на францускиот предлог расправаше работната група на политичките партии застапени во македонското Собрание.

Од владејачката партија СДСМ сметаат дека идентитетските прашања се заштитени.

Позитивно за предлогот се изјаснија и партиите од албанскиот блок од власта и опозицијата, додека ВМРО-ДПМНЕ и дел од помалите партии од власта Демократски Сојуз (ДС), Либерално-демократската партија (ЛДП) и Демократската обнова на Македонија (ДОМ) сметаат дека треба да има промени во делот на јазикот и идентитетските прашања.

TRT Balkan / агенции
Популарни