Кандидатката за претседател на државата предложена од коалицијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова по обработени податоци од над 97 проценти од избирачките места има убедливо водство на првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
Според податоците од Државната изборна комисија предноста на Силјановска – Давкова во однос на Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ и коалицијата е повеќе од двојна.
Силјановска – Давкова до сега има освоено 354.603 или 40,20 проценти од гласовите.
Пендаровски, освоил 176.364 гласови или 19, 99 проценти.
На трето место според обработените гласови е Бујар Османи кандидат на ДУИ и коалициските партнери. Тој освоил 117.968 или 13,37 проценти од гласовите.
Кандидатот на опозицијата во албанскиот блок, Арбен Таравари добил поддршка од 9,34 проценти. За него гласале 82.362 избирачи.
За Максим Димитриевски кандидат на ЗНАМ гласале 78.836 односно 8,94 проценти од граѓаните.
Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, има поддршка од 4,66 проценти. Ја поддржале 40.252 гласачи.
Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР добил поддршка од 7.950 гласови односно 0,90 проценти.