Избирачките места низ Данска се отворени во осум часот утринава и гласањето ќе трае 12 часа.      Фото: Ројтерс

Во Данска денеска се одржуваат парламентарни избори на кои се очекува тесна трка меѓу двата главни политички блока со нови политички субјекти кои пак би можеле да бидат клучни за формирање на идната влада.

Станува збор за предвремени избори парламентот, кои беа распишани по скандалот со владината одлука за егзекуција на целата популација на визони во 2020 година поради стравувањата од ширење на пандемијата Ковид-19 на фармите.

Избирачките места низ Данска се отворени во осум часот утринава и гласањето ќе трае 12 часа.

Последните анкети пред изборите покажуваат дека левичарскиот „Црвен блок“, предводен од социјалдемократите на премиерот Мета Фредериксен, има поддршка од 47 до 49 отсто од гласачите.

Нивниот главен ривал е „синиот блок“, составен од конзервативни партии, либерали и три популистички партии, кои според анкетите ќе добијат 40-43 отсто од гласовите.

Ваквата проекција предвидува дека ниту еден од главните политички блокови нема да има мнозинство во парламентот за да формира влада, што значи дека ќе мора да се потпрат на новата центристичка Умерена партија, основана од поранешниот лидер на Либералната партија и екс-премиер Ларс Локе Расмусен. Оваа партија се очекува да добие 9-10 отсто од гласовите.

На претходните избори во 2019 година излезноста беше 84,6 отсто, иако анкетите покажуваат дека овој пат четвртина од гласачите не се сигурни која партија ја поддржуваат.

TRT Balkan / агенции
Популарни