Одѕивот на претседателските избори до 17:00 часот е 44,18 проценти

Одѕивот на претседателските избори до 17:00 часот е 44,18 проценти

Најголема е излезноста во Новаци, 67,19 отсто, а најмала во Пласница 15,5 отсто
Според ДИК гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места / Photo: МИА

Според обработените податоци од 1788 избирачки места,одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, објави предмалку Државната изборна комисија.

Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи, односно 44,18 отсто, изјави на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезеност од 67,19 проценти има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

“Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места”, рече Даштевски.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу девет отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачiте им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Популарни