Роберт Кенеди Џуниор, внукот на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, објави дека ќе се кандидира за Белата куќа на претседателските избори во 2024 година. Кенеди ги поднесе документите до Федералната изборна комисија за кандидатура за претседател како демократ.
Познат како активист против вакцините, Кенеди е вториот демократ што влезе за претседателската трка во 2024 година, предизвикувајќи го претседателот Џо Бајден.
Роберт Кенеди Џуниор е син на поранешниот јавен обвинител и претседателски кандидат на САД, Роберт Ф. Кенеди, кој беше убиен во 1968 година во Лос Анџелес.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, поранешната амбасадорка во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, поранешната гувернерка на Арканзас, Аса Хачинсон, и милионерот, претприемачот Вивек Рамасвами, се меѓу републиканските кандидати за претседател.