Што содржи австрискиот нон-пејпер за земјите од Балканот?     Фото: AP

Австрија до земјите членки на Еворпската унија (ЕУ) испрати „нон-пејпер“ (non-paper), документ со кој се залага за нов пристап кон земјите од Западен Балкан за да се овозможи, како што се наведува, нивна „постепена интеграција“.

Што значи постепена интеграција?

Во документот пишува дека Австрија смета оти кризата настаната поради руската агресија врз Украина би можела да има колатерален ефект врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, смета Австрија, судриот би се преселил од границите на ЕУ во самата нејзина средина.

„Мораме да размислуваме преку постоечките инструменти на проширување и соседство и да го користиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, би требало да создадеме можност овие земји постепено да ги интегрираме во областите на политиките кои за нив се од посебна корист“, смета Австрија.

Нон-пејпер е нефромален документ, кој се изнесува во затворени преговори во рамките на институциите на ЕУ, посебно во Советот на министри, за да се постигне договор меѓу државите членки на ЕУ за некое спорно процедурално или политично прашање.

Официјална Виена е со став дека ЕУ мора да пронајде начини процесот на пристапување да го направи поопиплив и напредокот во реформите директно да се поврзе со конкретни користи за земјите-кандидати и нивните граѓани.

„Сегашните процедури на проширување не дадоа значителни резултати во последните години. Тие пред се доведоа до фрустрации и отуѓување помеѓу регионот и ЕУ. Мораме да го надминеме моменталниот ќорсокак гледајќи на сите опции со отворен ум“, се истакнува во нон-пејперот.

Како прв чекор, Австрија предлага, партнерите од Западен Балкан да бидат поврзани рефовно на неформални состаноци на Советот на ЕУ, на кои се дискутира за областите од заеднички интерес.

Самитите ЕУ-Западен Балкан треба да се одржуваат секоја година, а што поскоро е можно, да се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот во другите институции на ЕУ, стои меѓу другото во нон-пејперот.

Во документот се спомнува дека на земјите од регионот да им се понуди проггресивна интеграција во заеднички пазар, инкузлија во трговските и даночните политики, учество во климатските и енергетски политики или учество во агенциите на ЕУ.

Од почеоткот на војната во Украина, ЕУ ја зајакна активноста со Западен Балкан со цел спречување можни негативни ефекти на оваа криза врз регионот.

За идејата за постепената интеграција на земјите од Балканот во ЕУ, при посетата на Љубљана говореше и австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. Тој е првиот странски дипломат кој го дочека новата министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

ЕУ губи влијание на Западен Балкан

„Пред 19 години ветивме дека сите земји од регионот, ќе станат членки на ЕУ. По 19 години не напредувавме доволно“, смета Шаленберг.

„Како тоа автопатиштата да ги гради странска сила со странски пари во земјите кои со тие патишта ќе бидат поврзани со државите на ЕУ. Зошто Западен Балкан да не биде дел од трансевропските мрежи? Зошто не би бил дел од енергетската политика? Во смисла одговорните да учествуваат на состаноците во Брисел барем во фазите на обликување на политиките. Верувам дека претходните начини на размислување нема да ни помогнат. Треба да одлучиме дали сакаме да го пренесеме нашиот модел на животот или ќе се соочиме со поинакви модели од опркужувањето кои нема да ни се допаднат“, изјави Шаленберг во Љубљана.

Фајон: За австрискиот нон-пејпер вреди да се дискутира

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон во однос на автстискиот нон пејпер вели дека станува збор за добар документ за понатамошна дебата.

„Двајцата сме многу приврзани на подддршката на државите од Западен Балкан што поскоро да станат дел од ЕУ. На тоа ќе му посветиме особено внимание. Ќе биде високот на дневниот ред на ЕУ. Ќе направиме се и во контекстот на случувањата во Украина и на новите држави кои и се приближуваат на Унијата за да пружиме потполна поддршка“, истакна Фајон.

Официјална Виена недвосмислено предупредува дека и покрај војната во Украина не смее да дојде до предвремено членство во ЕУ и не смее да додје до раздвојвуање на земјите кандидати за членство од прв и втор ред.

Кон крајот на јуни предвидено е да се состанат лидерите на ЕУ и Западен Балкан, при што се очекува поконкретно да се разговара за иднината на земјите од регионот и ЕУ.

TRT Balkan / агенции
Популарни