Посетата на Блинкен на Албанија доаѓа за време на подготовките за одбележување на 100 години односи меѓу двете држави / Photo: AA

Американскиот државен секретар Антони Блинкен в среда ќе ја започне четиридневната посета на Албанија и Германија, каде меѓу другото ќе разговара за поддршката за Украина, мировните напори на Блискиот исток и ситуацијата на Западен Балкан.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе ги потврди силните односи со Албанија, која САД ја гледаат како клучен партнер за стабилноста на Западен Балкан и силен сојузник за поддршка на Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Јуриј Ким, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, рече дека посетата на Блинкен на Албанија, која доаѓа за време на подготовките за одбележување на 100 години односи, ќе се фокусира на иднината на Албанија, Западен Балкан и Европа.

Блинкен ќе има билатерални средби и со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама за да ја истакне „одличната соработка“ што САД ја имаат со нив.

Блинкен подоцна ќе отпатува во Германија за да учествува на Минхенската безбедносна конференција како дел од американската делегација предводена од американската потпретседател Камала Харис.

„За време на конференцијата, Блинкен ќе ја истакне поддршката за Украина, ќе се осврне на ситуацијата на Блискиот исток, на зачувувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и соработката во меѓународните институции и држави“, рече Џим О'Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

AA
Популарни