15 јули 2016 година, е денот кога храбриот турски народ се спротивтави на пучистите на ФЕТО и ги запре во нивната намера да ја заземат земјата.     Фото: AA

Денес во Туркије и во странство, вкучувајќи ги и земјите од Балканот се организираат низа програми по повод одбележувањето на годишнината од обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, ден кога храбриот турски народ се спротивтави на пучистите на терористичката организација ФЕТО и ги запре во нивната намера да ја заземат земјата.

Северна Македонија

Амбасадата на Република Туркије во Скопје организираше комеморација. На комеморацијата учествуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Демократската партија на Турците (ТДП) во Северна Македонија и пратеник Бејџан Илјас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ) во Северна Македонија, Ердоган Сарач, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

По повод 15 јули, Амабсадата на Туркије во Скопје организираше комеморација.     Фото:  AA

Церемонијата започна со едноминутен молк и интонирање на Националната химна на Република Туркије.

Во своето обраќање, амбасадорот Секизќок потсети дека изминаа шест години од обидот за државен удар зад кој стои терористичката организација ФЕТО. Неуспешниот обид за државен удар за цел ги имаше постоењето и опстанокот на Република Туркије.

Истакнувајќи дека таа вечер за време на обидот за пуч, судбината на Туркије ја одредиле водството на претседателот Реџеп Таип Ердоган и решителниот став на турскиот народ против пучистите, амбасадорот Секизќок рече дека турскиот народ со прикажаниот став ја покажа својата национална волја.

Албанија

Под покровителство на Институтот „Јунус Емре“ - Скадар и со поддршка на Амбасадата на Туркије во Тирана, во Скадар е отворена изложба на фотографии „15 јули - Ден на демократијата и национално единство“ со фотографии од Агенција Анадолија.      Фото: Others

Под покровителство на Институтот „Јунус Емре“ - Скадар и со поддршка на Амбасадата на Туркије во Тирана, во Скадар е отворена изложба на фотографии „15 јули - Ден на демократијата и националното единство“, со фотографии од Агенција Анадолија (AA), направени во текот на ноќта на обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО.

Косово

Во Приштина, Амбасадата на Туркије организираше комеморативна програма по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.      Фото: AA

Во главниот град на Косово, Приштина, Амбасадата на Туркије организираше комеморативна програма по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.

На програмата меѓу присутните беше премиерот на Косово Албин Курти, вицепремиерката на Косово Емилија Реџепи, министерот за регионален развој Фикрим Дамка, косовскиот муфтија Наим Трнава, како и бројни поканети гости од јавниот живот, претставници на локални и турски институции во земјата и други гости.

Програмата започна со едноминутно молчење и интонирање на турската химна.

Присутните имаа можност да погледнат и видео подготвено од Агенција Анадолија (АА) на кое се гледа вистинското лице на организацијата ФЕТО и нејзиниот лидер Фетулах Ѓулен за време на обидот за пуч на 15 јули 2016 година.

Босна и Херцеговина

Во Сараево е одржана панел дискусија по повод 15 јули, на која се обрати амбасадорот на Туркије во БиХ Садик Бабур Гиргин.     Фото: AA

Во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина е одржана е панел дискусија, во организација на Институтот „Јунус Емре“ со Амбасадата на Туркије во Босна и Херцеговина по повод одбележувањето на 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.

„Посебно внимание мора да се обрне на делувањето на терористичката организација ФЕТО, бидејќи тие не бираат начин и методи. Ги користат сите можни средства за да ги постигнат своите злобни цели“, е пораката од панел дискусијата. Говорници на панелот во Сараево беа амбасадорот на Туркије во Сараево Садик Бабур Гиргин, советникот за внатрешни работи при Амбасадата на Туркије во Сараево Мехмет Ердоган и ректорот на Универзитетот Неџметин Ербакан, проф. др. Џем Зорлу.

Србија

Во Белград одржана е конференција по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство на Туркије.     Фото: AA


Во општина Нови Белград, во главниот град на Србија, одржана е конференција по повод 15 јули - Денот на демократијата и на националното единство на Република Туркије.

Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Србија Немања Старовиќ истакна дека ставот на Србија кон тие турбулентни настани беше јасен и принципиелен.

„Тогашниот претседател на Владата, а сегашен претседател на Србија, Александар Вучиќ, беше меѓу првите европски и светски лидери кој пружи поддршка на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на сите легитимни власти и на народот на Туркије, без било какви калкулации и пред се, врз основа на принципите и вредностите кои заеднички ги негуваме“, рече Старовиќ.

„Не дозволивме престолнината на Србија и нашата држава да станат сигурна куќа за сите оние за кои постои основан сомнеж дека стојат зад тој брутален напад врз турската демократија и правата на турскиот народ, не дозволивме Србија да стане сигурна куќа за нивнто политичко, економско или културно-просветно делување“, истакна Старовиќ.

Во рамките на одбележувањето на 15 јули Денот на демократијата и националното единство на Република Туркије, во Нови Пазар е одржан фудбалски турнир помеѓу екипите на домашниот ФК Нови Пазар и ФК Напредок од Крушевац. На турнирот играа четири екипи, кадети и помлади, два суперлигашки клубови во Србија.

Почетокот на турнирот го означи Генералниот конзул на Република Туркије во Нови Пазар, Басар Басол, заблагодарувајќи им се на организаторите и учесниците на натпреварувањето.

По повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство на Туркије во Нови Пазар одржан е турнир во фудбал     Фото:  AA

„Сакавме со нашите браќа во Санџак, преку различни активности и манифестации да го одбележиме овој датум“, рече Басол.

AA
Популарни