Вјоса Османи смета дека ЕУ треба да премине од зборови на дела     Фото: АА/ Photo: AA

Претседателката на Косово Вјоса Османи ќе ги информира лидерите на Европската унија дека нејзината земја ќе поднесе барање за членство во Еу до крајот на годината. Ова Османи денеска го најави пред почетокот на Самитот ЕУ Западен Балкан кој се одржува во Тирана.

Според Османи Самитот е важна обврска и на ЕУ и на Западен Балкан. Претседателката на Косово рече дека таа е лидер на најпроевропската земја што постои.

„Ние ја покажавме нашата посветеност на ЕУ и вредностите на ЕУ во секоја акција што ја преземаме во оваа насока. Особено кога станува збор за 100% усогласеност со ЕУ во секоја надворешно-политичка и безбедносна одлука, како и санкциите кон Русија, адаптација, отфрлање на какво било лошо влијание од фактори како Русија и Кина“, рече Османи.

Според неа, Европската унија треба да премине од зборови на дела во однос на либерализацијата на визите за граѓаните на Косово.

„Се надеваме на целосна поддршка од членките на ЕУ, рече косовската претседателка.

На новинарско прашање дали ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дали има некаков напредок во дијалогот Србија-Косово, Османи одговори дека овој Самит не е место за дијалог или преговори меѓу Косово и Србија и дека тој е посебен процес, со посредство на ЕУ.

„Тоа е процес кој се заснова на взаемно признавање и во исто време сметаме дека Косово мора да го задржи својот територијален интегритет, суверенитет, унитарен карактер и уставен систем“, рече Османи.

TRT Balkan / агенции
Популарни