Милановиќ донесе одлука и за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент, што ќе се одржат на 9 јуни / Photo: HINA

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска соопшти дека изборите за пратеници во хрватскиот Сабор ќе се одржат в среда, на 17 април, јавува Анадолу.

Според одлуката за распишување избори за пратеници во хрватскиот Сабор, изборите на избирачките места во Хрватска ќе се одржат в среда на 17 април, додека гласањето на избирачките места во седиштата на хрватските дипломатско-конзуларни претставништва ќе се одржи ден порано, на 16 април, како и в среда на 17 април.

Според Законот за избор на пратеници во хрватскиот Сабор, денот на изборите во Хрватска е неработен.

Милановиќ донесе одлука и за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Хрватска, што ќе се одржат во Хрватска и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата на 9 јуни годинава.

Хрватскиот Сабор вчера ја одржа последната седница во овој мандат, по што со едногласна одлука беа распуштени 143 пратеници.

AA
Популарни