Прослава на празникот Водици во Скопје / Photo: AA

Православните христијани во Северна Македонија го слават празникот Водици (Богојавление).

Традиционалното осветувањето на водата во Охридското Езеро беше спроведено од страна на поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. На церемонијата присуствуваше и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Меѓу неколку стотици верници кои скокнаа по крстот во водите на Охридското Езеро најуспешен беше Мартин Гоџо, кому тоа му успеа и пред три години.

Фрлање на крстот во водите на Вардар во Скопје

На церемонијата што се одржа во главниот град Скопје учествуваше владиката Јосиф.

Церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардат и положувањето на крстот беше проследена од голем број лица околу брегот на реката Вардар во Скопје.

Традиционалното положување на крстот во реката Вардар го спроведе владиката Јосиф. Крстот во студените води на Вардар фати Теодор Јовевски.

Јовевски рече дека првпат се фрла по крстот и се надева дека ќе му донесе среќа, а на другите верници им порача да веруваат во Бога.

AA
Популарни