Рама: Никој не би требало да го потцени ризикот од ескалација на тензиите / Photo: AA

Единствениот пат напред не е патот на зголемување на тензиите, туку патот на дијалог и договор. Никој не треба да го потценува ризикот од ескалација на тензиите до степен да се најдеме во таква ситуација некои вооружени движења да почнат да прават нешто што не смееме да дозволиме да се случи на кој било начин, изјави во Белград албанскиот премиер Рама, говорејќи за тензиите на северот на Косово на заедничка прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Рама на самиот почеток на обраќањето порача дека би можел да се направи „некој нов план и да се отвори некој нов пат за интеграција на нашите земји на европскиот пазар“. „Не можеме да се согласиме околу сѐ, но ќе дадеме сѐ од себе за да го унапредиме процесот на соработката и мирот“, рече Рама. Тој потсети дека е на турнеја во земјите од Западен Балкан, со цел да се разговара за темите кои се од заемен интерес.

„Со тензиите кои се присутни на северот на Косово избегнуваме своите мислења да ги искажеме јавно, за да не би ја влошиле ситуацијата и да се свртиме во насока во која не треба“, рече Рама и додаде: „Според моето мислење, единствен пат напред не е пат на зголемување на тензиите туку пат на дијалогот и пат на договарање.“

На новинарско прашање во кое беа споменати негови претходни изјави во кои рече „Не дај Боже северот на Косово да се претвори во Донбас“, Рама одговори:

„Никој не би требало да го потцени ризикот од ескалација на тензиите до таа точка кога ќе се најдеме во таква ситуација да некои вооружени движења можат да тргнат да прават нешто што ние ниту на било кој начин не смееме да дозволиме да се случи. Тоа можеби би не довело до ситуација која е можеби споредлива со Донбас. За да се создаде некоја територија у рамките на регионот која би не довела до последици кои се од незамисливи размери и би направила да е невозможно да вложиме енергија и ситуацијата да ја вратиме во претходната состојба. Денес ситуацијата е таква што и понатаму е можно да се контролира со јасно дефинирани точки со цел деескалација кои ги одреди меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да дојде до заедничка гледна точка и таа да преовладува“, рече Рама.

Албанскиот претседател додаде дек смета оти развлекувањето со процесот на Заедницата на општини со српско мнозинство е стратешка грешка.

„Со тоа е и грешката да се развлекува со воспоставување услови за граѓаните на Србија да ги спроведуваат своите верски права. Инсистирањето на тоа да се остане во општинските згради со градоначалници кои се избрани во услови на бојкот, сметам дека тоа е грешно“, додаде Рама.

TRT Balkan / агенции
Популарни