САД ги повикаа Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

САД ги повикаа Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

Средбата меѓу двете страни во Брисел вчера заврши без резултати.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс     Фото; Reuters



САД ги повикаа Белград и Приштина да го продолжат дијалогот. Средбата меѓу двете страни во Брисел вчера заврши без резултати. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција рече дека Вашингтон ја следи состојбата.

„Колку што знаеме, разговорите продолжуваат. Ние, во партнерство со Европската унија, внимателно го следиме ова и ги охрабруваме двете страни ефективно да го користат дијалогот и да го продолжат“, рече Прајс.

Претставникот на Стејт департментот прецизираше дека Вашингтон целосно го поддржува дијалогот, велејќи дека е неопходно да се унапреди дискусијата за нормализација на односите врз основа на претпоставката за меѓусебно признавање.

Прајс рече и дека специјалниот известувач на американската администрација за Балканот Габриел Ескобар, заедно со американскиот амбасадор во Европската унија Марк Гитенштајн, внимателно ги следат разговорите меѓу Приштина и Белград.

„Ве уверувам дека дијалогот го има целосно вниманието на американските претставници. Тоа е прашање со кое самиот секретар Блинкен се занимава долго време. Тоа е приоритет кој ја вклучува целата наша организација, како на теренот, така и во САД“, рече Прајс.

За време на третата рунда од дијалогот меѓу Приштина и Белград, одржана вчера по едногодишна пауза, не беше постигнат напредок. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека двете страни не постигнале договор во врска со регистарските таблички и документите за влез-излез. Тој сепак, посочи дека Албин Курти и Александар Вучиќ се договориле разговорите да продолжат и во наредните денови.

Tanjug
Популарни