Граѓаните на Хрватска во јуни ќе избираат и претставници во Европскиот парламент / Photo: HINA

Хрватскиот Сабор денеска донесе одлука за негово распуштање по речиси четиригодишен мандат, а на оваа одлука треба да следи и претседателот на Република Хрватска за датумот на парламентарните избори.

За распуштање на Парламентот гласаа 143 присутни претставници.

„Ви посакувам многу среќа, можете да се распуштате колку сакате“, им порача на пратениците претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.

Распуштање на Собранието, десетто по ред, кое беше конституирано на 22 јули 2020 година, предложија клубовите од парламентарното мнозинство, само 15-ина дена откако го одбија предлогот на опозицијата за распуштање.

Парламентарните избори, според Уставот на Хрватска, се распишуваат најрано 30, а најдоцна 60 дена по распуштањето на Парламентот. Така, се проценува дека Милановиќ би можел да распише парламентарни избори во април - 14, 21 или 28 или во мај - 5 или 12.

„Кога ќе се распушти Парламентот, ќе ја известам јавноста, хрватските граѓани во најкраток можен рок за мојата одлука“, рече Милановиќ, откако премиерот Андреј Пленковиќ ја објави одлуката за датумот на распуштање на Парламентот.

Тој додаде дека нема да се консултира со политичките партии за датумот на парламентарните избори.

Граѓаните на Хрватска годинава, покрај парламентарни избори, ќе учествуваат и на уште едни избори, во јуни, на кои ќе избираат претставници во Европскиот парламент.

TRT Balkan / агенции
Популарни