На тројцата косовски полицајци кои пред два дена беа усапсени од српските сили им е одреден притвор во Вишото јавно обвинителство во Краљево, Србија.
„По предлог на јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Краљево, судијата за претходна постапка при Вишиот суд во Краљево на сите осомничени им одреди притвор.
По повод настаните од 14 јуни, во село Гњилица, општина Рашка, Вишото јавно обвинителство на Краљево донесе наредба за спроведување истрага против осомничените Б.С. (1965), Р.З. (1975) и М.Ш. (1961) поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи “, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Вишото јавно обвинителство во Краљево.
Тројцата косовски полицајци, како што тврди Владата на Косово, се киднапирани во средата додека биле во погранична контрола, длабоко на територијата на Косово, долж северната граница со Србија. Од друга страна, официјален Белград тврди дека косовските полицајци се уапсени длабоко на територијата на Србија.
Мисијата на КФОР, предводена од НАТО, синоќа соопшти дека не била во подрачјето кога српската полиција ги уапсила тројцата косовски полицајци, но дека испратила тим во тоа подрачје и воспоставила контакт со претставници на косовските институции и српските власти.
„Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија кои би можеле да доведат до понатамошна ескалација“, се истакнува од КФОР.