Илјадници граѓани излегоа вечерва на третиот ден од протестите во Скопје против францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Дел од присутните околу 20 часот го пробија полицискиот кордон и влегоа во дворот од Владата. Скандираа и извикуваа „оставка, оставка“, „туѓото не го сакаме, своето не го даваме“, „Не за ЕУ“, „Ултиматум, не благодарам“.
Упатија барање до Владата да не го прифати францускиот предлог.
Ова е трет ден како се одржуваат протести во Скопје. Првите два, во саботата и неделата, минаа во мирна атмосфера. Вечерва дел од присутните фрлаа предмети кон зградата на Владата и беа во близок контакт со полицијата.
Присутните потоа се упатија кон Собранието каде исто така имаше близок контакт со полицискиот кордон, но не беа предизвикани посериозни инциденти.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски повика на масовни протести велејќи дека Владата планира да го прифати францускиот предлог. Тој претходно изјави дека на земјата не ѝ е потребна Европа ако нејзиниот народ треба да се асимилира.
„Ќе почекаме ако Европа не е подготвена да нè прими нас, цивилизираните Македонци, на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме кога ќе дојдат луѓе коишто го разбираат она коешто ние денеска сакаме да го кажеме, а тоа е Македонија пред и над сè, македонскиот идентитет пред и над сè“, истакна на првиот ден од протестите Мицкоски.
Според Мицкоски, предлогот ги содржи „сите бугарски барања во делот на јазикот, историјата и идентитетот“, по што тој повика на протести пред Владата на РСМ.
На 30 јуни до Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна нов предлог, по што започна консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор.
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на прес-конференција во петокот изјави дека новиот предлог ги инкорпорира забелешките и јасно изградени ставови на македонската страна, предвидува јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик како и тоа протоколот со Бугарија да не биде дел од преговарачката рамка.
Францускиот претседател Емануел Макрон, чие претседателство го изготви предлогот, смета дека со предлогот е пронајдено компромисно решение за двете страни.
Францускиот предлог е документ кој треба да доведе до отстранување на двегодишното вето од страна на Бугарија за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.
4 јул 2022
Трет ден протести во Скопје: Демонстрантите влегоа во дворот од Владата
Дел од присутните го пробија полицискиот кордон и влегоа во дворот од Владата. Скандираа и извикуваа „туѓото не го сакаме, своето не го даваме“, „Не за ЕУ“, „Ултиматум, не благодарам“
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Лидерите се договорија: Парламентарните и претседателските избори на 8.мај
Премиерот Димитар Ковачевски, по лидерската средба објави дека првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните на 8 мај, додека на 28 јануари ќе биде формирана техничка влада
Написи во тренд во оваа категорија
ЕБОР ја потврди прогнозата за економски раст на Србија од 4 % за 2025/26 г.
Банката наведува дека значајните капитални инвестиции поврзани со Експо 2027 може да го поттикнат економскиот раст, но предупредува на глобалните геополитички тензии, што може негативно да влијаат на извозот и приливот на директни странски инвестиции
Хрватската економија лани забележала раст од 3,8 отсто
Ако го погледнеме кумулативниот економски раст од почетокот на 2021 година, Хрватска има втор најголем реален раст во ЕУ, над 25 %, веднаш зад економијата на Малта, која во истиот период порасна за повеќе од 35 %, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ
Фидан: Туркије целосно го поддржува територијалниот интегритет на БиХ
Проблемите треба да се решаваат со дијалог, а фактот што албанскиот пешадиски вод ќе служи во рамките на турската единица во БиХ е конкретен пример за турско-албанската соработка, рече Фидан по средбата со албанскиот колега Хасани
Што друго би сакале да знаете?
Популарни