Турските резервни сили распоредени на Косово ќе се вратат во својата земја, соопшти турското Министерство за одбрана.
Туркије продолжува да придонесува за регионалниот и глобалниот мир и стабилност во рамките на своите должности во Обединетите нации (ОН), НАТО, Европската унија (ЕУ) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), како и во контекстот на билатералните односи и внимателно ги следи случувањата на Балканот, каде што има заеднички историски и културни вредности, се вели во соопштението.
Туркије распореди дополнителни трупи на Косово во јуни како одговор на барањето на НАТО по неодамнешните тензии.
„Нашата распоредена единица, по пристигнувањето во касарната „Султан Мурат“ на Косово на 6 јуни 2023 година, даде значаен придонес во обезбедувањето мир на Косово од 10 јуни до 31 август и успешно ја исполни својата мисија“, додаваат од Министерството.
Косово беше зафатено од тензии во текот на летото, при што демонстрантите и безбедносните сили се судрија во северните општини во земјата каде мнозинството се Срби поради изборот на градоначалник етнички Албанец по бојкотот на изборите.
„Туркије ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон НАТО, исто како што тоа секогаш го правеше“, се вели во соопштението.