Украински пратеник со апел до Украина за признавање на независноста на Косово

Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко од косовскиот Парламент упати апел до Украина да ја признае независноста на Косово.

Гончаренко, обраќајќи се на пратениците во Парламентот на Косово, гарантираше дека ќе работи на ова признавање и дека секој ден заедно ќе го работат најдоброто со цел со Косово да станат дел од ЕУ.

„Украина треба да го признае Косово како независна држава, бидејќи вие се боревте за тоа. Ќе направам сѐ што можам за да ви помогнам во оваа насока. Косово е Европа, јас верувам во тоа и заедно ќе го завршиме тоа“, рече Гончаренко, нагласувајќи дека независноста на Косово го заврши сонот на Југославија, и дека независноста на Украина го заврши сонот на Руската Империја.

Според него, Косово и Украина споделуваат заеднички вредности и се заедно против секого што ги прекршува овие вредности.

Гончаренко вети безрезервна поддршка за тоа Косово да стане полноправна членка на Советот на Европа, каде што аплицира оваа година.

Тој уште еднаш предупреди дека треба да се внимава дополнително бидејќи Русија се обидува да го дестабилизира Западен Балкан.

Во текот на овој месец, Гончаренко кој е член на украинската делегација во Собранието на Советот на Европа, упати апел и за време на Собранието на Советот на Европа за тоа Косово да биде признаено од сите земји членки на овој Совет.

Гончаренко нагласи дека на Косово треба да му се обезбеди место во Советот на Европа, и дека на овој начин Европа ќе биде посилна.

Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година и е признаено од 117 земји.

TRT Balkan / агенции
Популарни