56-годишниот маж не ги почитувал наредбите да застане / Фото: AFP Arhive

Српската полиција вчера уапси маж што влегол во комплексот на Министерството за внатрешни работи во центарот на Белград носејќи ранец со самострел.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ рече дека 56-годишниот маж не ги почитувал наредбите да застане, а потоа брзо излегол од комплексот.

Дачиќ рече дека во ранецот мажот носел самострел со седум стрели, неколку ножа и петарди.

„Го истражуваме мотивот. Лицето не е на списокот за следење на екстремисти. Неговиот стан се претресува... Ќе биде извршен и медицински преглед, а обвинителот ќе одлучи за натамошното процесуирање“, додаде тој.

Српските безбедносни служби се во состојба на зголемена готовност откако во Белград беше застрелан маж кога во саботата нападна полицаец со самострел пред израелската амбасада.

AA
Популарни