Може ли алгоритам да предвиди каков парфем сакате да носите? Една компанија мисли дека нејзиниот тест за личност може да го направи токму тоа, создавајќи уникатни парфеми за секого.
Скентроникс (Scentronix) е машина дизајнирана да создава парфеми кои се уникатни како и оној што ги носи.
Мирисите не беа дизајнирани од развивачи на производи од голем бренд, туку од корисници - со мала помош од неколку алгоритми.
Секој од големите цилиндри кој виси над подвижната лента содржи миризлива течност, градежни блокови кои може да се комбинираат за да се направи готовиот производ.
И има неверојатен број на пермутации на располагање.
„Во оваа верзија на машината со 46 градежни блокови, можете да имате повеќе од 500 милијарди можности. Се разбира, не ви треба толку многу, но секоја формула е уникатна, така што нема повторување... Сè што се генерира е уникатно“, вели Анахита Меканик, еден од основачите и шеф на дизајнот на мириси во Scentronics.
Изборот на парфем започнува со онлајн прашалник.
Алгоритмите ги земаат вашите одговори и ги комбинираат со воспоставеното знаење за парфемите за да создадат уникатни формули.
Но прашалникот е помалку за тоа дали сакате цитрусен или дрвен мирис, а повеќе за тоа кој сте вие како личност.
Која боја најдобро ве претставува? Дали се сметате себеси за длабок мислител или инвентивец?
Овие прашања можеби изгледаат неповрзани со она што сакате да го мирисате, но Меканик вели дека зад нив се крие голема идеја.
„Прашањата што ги поставуваме допираат малку до тоа како се гледате себеси. Тие се донекаде водени од личноста. Тие се за вашите преференции. Така би рекла дека сме еден вид хибриден пресек на уметност, наука, технологија“.
Корисниците кои го пополнуваат прашалникот добиваат шифра. Броевите отклучуваат три формули создадени од алгоритми.
Тогаш машината оживува и првото шише оди кон подвижната лента за да започне да ја собира уникатната комбинација од состојки на парфемот.
„Вештачката интелигенција е навистина двигател на технологијата, таа ви дава предност во практиката и уметничка форма која е комплицирана. Не може да се почне од нула создавајќи формула. Значи, вештачката интелигенција е тука за да ви помогне да започнете со нешто, да видите како се чувствувате за тоа, а потоа да скокнете во равенката и да ја придвижите понатаму со нашата соработка за да ве научиме за состојките“, вели Меканик.
Алгоритмите со текот на времето научија што мириса добро, а што не.
Затоа, финалните парфеми не треба да содржат никакви непријатни мириси.
Ноникогаш не знаете како алгоритмот ќе го обработи вашиот прашалник.
„Ретко кога машината ви дава нешто што е одвратно. Но, повторно, одвратното е во окото на гледачот, вели Меканик.
„Имаме повеќе од шест години пракса со платформата. Континуирано ги подобруваме компонентите во машината. Постојано гледаме што прави. Така можете да добиете нешто што не ви се допаѓа, но не навистина одвратно“.
Scentronix е со седиште во Холандија и има машини во Лондон, Дубаи и Виена.