Google од 30 септември ќе започне со спроведување на новата политика на безбедност на корисничките сметки на е-маил апликацијата Gmail. Корисниците на Google Workspace платформата ќе мора да ги почитуваат новите правила за поставување лозинки и безбедно логирање.
Главните промени се што Google Workspace како што се Gmail, Drive, Docs и останатите поврзани сервиси со еден Google профил повеќе нема да поддржуваат уреди на кои се логирате само со пасворд и корисничка сметка.
Исто така ограничувањата ќе важат и за апликации од трети страни за кои Google смета дека се незбедни и до нив нема да дозволува пристап до податоците на вашата корисничка сметка на Gmail или останатите поврзани сервиси.
Од корисниците кои на едно е-маил сандаче имаат поврзано надворешни адреси од други сервиси преку IMAP протоколот, исто така ќе биде побарано одново да ги подесат поставките и да ги обноват безбедносните параметри, како на пример двостепена верификација на идентитетот или потврда преку биометриски отпечатоци.
Ова е само дел од новитетите на Google за да ја направи платформата побезбедна од злоупотреби, но истовремено тоа ќе значи дека одредени сервиси и услуги сега ќе станат потешки за синхронизирана работа од еден профил.