Новинар на Анадолу разговараше со доктор специјалист кардиолог за последиците од употребата на вештачката интелигенција во областа на здравјето.
Вештачката интелигенција, која овозможува имплементација на нови апликации во многу области, нуди различни предности и во здравствениот сектор.
Вештачката интелигенција може да се користи во многу области како што се рана дијагноза на болести, креирање персонализирани планови за лекување и зголемување на ефикасноста на здравствените услуги. Покрај овие предности, постојат и различни ризици при користењето на вештачката интелигенција од страна на пациентите. Анализата на симптомите на болеста или резултатите од тестовите со помош на вештачка интелигенција може да ги доведе пациентите во заблуда.
Специјалистот по кардиологија доц. д-р Мухамед Кескин на оваа тема разговараше со новинарот на АА.
Наведувајќи дека има пациенти кои резултатите од анализата на крвта ја запишуваат во апликациите за вештачката интелигенција и доаѓаат на преглед со веќе создадена идеја за нивната состојба, д-р Кескин рече пациентите наместо да го минуваат време поставувајќи му прашања на лекарот, тие прашањата што ги имаат на ум ги запишуваат во апликациите за вештачката интелигенција.
Зборувајќи дека пациентите не се подготвени за резултатите дадени од вештачката интелигенција, д-р Кескин истакна:
„Мој пациент ги запишал своите резултати во апликација за вештачка интелигенција. Еден од двата различни предлози добиени од вештачката интелигенција на пациентот му дал малку побениген резултат. Но, всушност, кај пациентот е откриена срцева артериосклероза. Тој има кардиоваскуларен проблем и мора да зема лекарства, а пациентот ми рече дека не станува збор за сериозна ситуација. Доколку пациентот дојдеше на консултации кај мене без користење на вештачката интелигенција, ќе му кажев за важноста на неговата состојба, но пациентите сакаат самите да ги расчистат прашалниците во своите глави.“
Пациентите со скепса треба да гледаат на резултатите од ВИ
Д-р Кескин за користењето на вештачката интелигенција од страна на пациентите порача:
„Наместо да развиваат идеи од резултатите што ги дава вештачката интелигенција и да нѐ прашуваат ‘Докторе, велат вакво нешто, точно ли е тоа?’, треба да имаат малку поскептичен пристап“.
Зборувајќи дека кога ист извештај ќе се толкува од друга апликација за вештачка интелигенција на крајот се добива многу похаотичен резултат, д-р Кескин посочи:
„'Можете да доживеете срцев удар, можете да умрете во секое време', одговара вештачката интелигенција. Дава 6-7 видови лекови. Некои од овие лекарства воопшто не ги користиме. Станува збор за лекови останати од 1980-тите. Кога се користи вештачката интелигенција, во интернет-пребарувачите се истакнуваат сите поврзани методи на лекување. На пациентот му се нудат лекарства што ги нема во земјата, а пациентот ги бара токму тие лекови.“
Посочувајќи дека употребата на вештачката интелигенција треба да биде насочена кон подигање на свеста кај луѓето, д-р Кескин рече: „Ако некој ѝ постави повеќе од 10 прашања на апликацијата за вештачка интелигенција во областа на здравјето, значи дека неговото анксиозно растројство се зголемува. Тој нема можност да го најде вистинскиот одговор.“
Постојат системи за ВИ кои лекарите ефикасно ги користат
Посочувајќи дека од аспект на лекарите постојат апликации на вештачката интелигенција што ефикасно се користат, д-р Кескин истакна:
„Има многу студии за вештачката интелигенција во врска со ЕКГ. Ги користиме во врска со ехокардиографија бидејќи веќе им веруваме. Имаме доверба во вредностите дадени од самиот оперативен систем на уредите и нивната интерпретација од вештачката интелигенција. Во некои странски земји ултразвукот на срцето го прави медицински техничар, а не лекар. Кога техничарот ќе внесе одредени податоци во апликацијата, вештачката интелигенција може да каже дали пациентот има срцева слабост, артериосклероза или проблем со срцевите залистоци. Ги употребуваме бидејќи веќе 10 години се користат и тие веќе се дел кој е вметнат во лекувањето.
До неодамна секогаш правевме традиционална ангиографија, но со појавата на виртуелната ангиографија потребата од вистинска ангиографија се намали на една третина. Вештачката интелигенција без вметнување жица може да ни ги даде вредностите што ги правиме со вметнување на жицата во крвните садови за време на ангиографијата. На тој начин можеме да го видиме процентот на стеноза во крвните садови на пациентот. Тоа е неверојатно нешто.“
Објаснувајќи дека и паметните часовници им даваат на корисниците многу здравствени податоци, д-р Кескин истакна:
„Како доктор, кога пациентот ќе ми ги покаже овие податоци, треба да разговараме со пациентот за податоците дадени од уредот, наместо да кажеме 'ма остави го тоа, направи го овој тест и дојди'. Паметните часовници прават ЕКГ, луѓето веќе постојано го следат нивниот пулс. Можеме да откриеме многу болести според овие вредности на пулсот“.