Досега правото на глас го оствариле 229.417 граѓани / Фото: AA

Според последните податоци со кои располага Државната изборна комисија излезноста на првиот круг на претседателските избори е 12.78 отсто, а до 9 часот 4.05 отсто.

Вкупен број на избирачи во избирачкиот список со право на глас на претседателските избори е 1.814.317. Досега правото на глас го оствариле 229.417 граѓани.

Овие проценти и бројки се врз основа на обработени 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на целата држава.

TRT Balkan / агенции
Популарни