Податоците се базираат на обработка на 3.508 избирачки места од вкупно 3.369 или 96,04% / Фото: AA

Најновиот пресек за излезноста на првиот круг на претседателските избори покажува дека 24.83 отсто од гласачите досега излегле да гласаат, покажуваат последните податоци на Државната изборна комисија на РСМ.

Податоците се базираат на обработка на 3.508 избирачки места од вкупно 3.369 или 96,04 отсто.

Според овие бројки, одѕивот на гласачите на првиот круг на претседателски избори изнесува 437.644 граѓани со право на глас.

Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите соопшти дека изборниот ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес“, изјави Бајрами.

Досега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти Тони Ангеловски портпарол на МВР на денешната прес конференција.

„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2844 во ОУ „Јохан Х. Песталоци“ во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рече Ангеловски.

TRT Balkan / агенции
Популарни