Работното време на одделот за лични документи на МВР ќе биде до 19 часот / Фото: МИА

Во текот на денешниот ден граѓаните ќе може да ги подигнат документите за лична идентификација и со истите да гласаат на денешните претседателски избори до 19 часот.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот“, соопштуваат од МВР.

Граѓаните кои не ги замениле личните карти и пасошите со новото име на државата, а кои се со важечки рок, исто така ќе може да се легитимираат на гласачките места и да го остварат своето право на глас.

MIA
Популарни