Изборот на кандидатката на опозицијата го поздравија и повеќе европратеници и еврокомесари / Фото: AA

Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија во Скопје, и честиташе победа на претседателските избори на Гордана Силјановска-Давкова, која воедно стана и првата жена претседателка на Северна Македонија.

„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша амбасадарот Дејвид Гир на мрежата Х.

Изборот на кандидатката на опозицијата го поздравија и повеќе европратеници и еврокомесари, порачувајќи дека очекуваат со неа да ја продолжат соработката за евроинтеграција на земјата.

Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателски избори освои 560.170 гласови, или 65,14% од гласачите, според последните обработени податоци од ДИК.

TRT Balkan / агенции
Популарни