По Северна Македонија, Малта го презема претседавањето со ОБСЕ / Photo: facebook.com Амбасада на Русија во Северна Македонија

На фејсбук страницата на руската амбасада во Скопје предмалку се појави фотографија од средба на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со македонскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавал со ОБСЕ Бујар Османи и Иан Борг министер за надворешни работи на Малта и иден претседавач на Организацијата.

Средбата се случила на маргините од Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Под фотографијата пишува ”Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Малта, сегашен и иден претседавач на ОБСЕ. Детали од средбата засега нема.

Претседавањето на Малта со ОБСЕ треба да биде потврдено во Скопје. Изборот на Малта се случи со консензус откако пропаднаа обидите Естонија да биде земја претседавач поради противењето на Русија и Белорусија. Одлуките во ОБСЕ се носат со консензус.

TRT Balkan
Популарни