Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во владата се сретна со евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир.
На средбата како што информираат од владата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија.
“Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности. Амбасадорот Гир ја потврди посветеноста на Европската унија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период”, се вели во владиното соопштение.
Мицкоски и Гир се согласиле за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.