Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот (21)

Припадник на професионалните вооружени сили е убиен со ловечка пушка во Македонски Брод во селото Калуѓерац, информира јавното обвинителство.

Причината за убиството била претходна расправија по што осомничениот пукал во 31 годишнио професионален војник.

„Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка. Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа“, соопшти ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот (21).

TRT Balkan / агенции
Популарни