Илјадници граѓани демонстрираа во Париз по најавите за антисиламски закони     Фото: AA

Според Европскиот извештај за исламобофија, муслиминатите во Европа изминатата година биле подложени на различни случаи на дискриминација, говор на омраза, па дури и физички напади во 27 европски земји за кои има податоци во истражувањето.

Тоа што загрижува е што исламофобијата добива се повеќе и интитуционален карактер, откако повеќе европски политичари донесоа закони кои овозможуваат дискриминација и неправичен третман врз муслиманите.

Најчесто жртви биле жените муслиманки, додека пак најмногу дела од омраза биле сторени од мажи низ Европа.

Доц. д-р Енес Бајракли, професор на Турско-германскиот универзитет и проф. Фарид Хафез од Универзитетот „Џорџтаун“, го подготвија Европскиот извештај за исламофобијата, во кој учество зедоа и 35 академици и експерти кои работат на полето на расизмот и човековите права.

Извештајот е објавен во Меѓународната асоцијација за проучување и истражување на исламофобијата (ИИСРА), Институтот за маргинализација и припадност на Универзитетот во Калифорнија, Институтот за безбедност, раси и права на Универзитетот „Рутгерс“, Меѓународниот центар за истражување на исламофобијата, Проектот за истражување и документација на исламофобијата во рамките на Центарот за раса и пол на Универзитетот во Калифорнија и Проектот за документација (ИРДП), Студиите за арапски и муслимански етникуми и дијаспора на Државниот универзитет во Сан Франциско (АМЕД) и Институтот „Леополд Вајс“.

На овогодишната насловна страница од извештајот е Себастијан Курц, поранешниот премиер на Австрија, кој својата кариера и успех ги постигна благодарение на своите ксенофобични, антимигрантски и антимуслимански ставови.

Антиисламизмот на поранешниот австриски премиер Курц

Во извештајот се истакнува дека Себастијан Курц, поранешниот премиер на Австрија, во своите два мандата во периодот 2017 ‒ 2021 година, со воведувањето на антиисламските прописи, кои сукцесивно ги донесе со владите што ги воспостави во коалиција со крајно десничарската Партија на слободата (ФПО) и Партијата на зелените, придонесе за институционализација на исламофобијата не само во неговата земја, туку и во многу други земји, соработувајќи со владите од различни земји на Европа.

Во извештајот се потсетува дека политичкиот дискурс на Курц насочен кон муслиманите му овозможил да остане на власт два мандати. Во продолжение се наведува дека целта на формирањето на Центарот за документација на политичкиот ислам била да се забрани превезот, да се затворат џамиите и да се спроведе означување на муслиманските институции и организации под изговор на борба против т.н. „политички ислам“, а со новиот антитерористички закон воведен во времето на поранешниот австриски политичар, воведени се низа прописи со кои се таргетирани муслиманите.

Во извештајот се наведува дека станало очигледно дека Курц, кој мораше да ја заврши својата политичка кариера поради истрагата за корупција што беше подигната против него, всушност се обидел да ја прикрие корупцијата за која е обвинет и за растечкиот авторитаризам со својот став кон муслиманите.

Според извештајот, во кој се наведува дека исламофобијата минатата година имала тренд на зголемување во Европа, како во земјите Англија и Франција кои особено предничат со антимуслиманската омраза и расистичките инциденти.

За првпат документиран антиисламскиот расизам

Конкретно, документот именуван „Препорака за општа политика бр. 5 за спречување и борба против антимуслиманскиот расизам и дискриминација“, што Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата (ЕЦРИ) го усвои во декември 2021 година, а подоцна, на 1 март 2022 година и го објави, е првиот официјален документ подготвен од европските институции во оваа област.

Важноста на овој документот е што тој не ја смета исламофобијата само како злосторство од омраза врз муслиманите, туку директно ја дефинира и како антиисламски расизам.

15 март: Меѓународен ден против исламофобијата

Истакнувајќи дека друг важен момент е признавањето на 15 март за Меѓународен ден за елиминација на исламофобијата од страна на Обединетите нации (ОН), во извештајот се посочува дека ова е историска одлука во име на борбата против антиисламскиот расизам. Земјите како Франција и Индија го критикуваа предлогот, со што ги открија своите ставови кон исламофобијата.

Во извештајот, во кој е опфатена и работата на меѓународните институции за верските слободи и исламофобијата, особено во извештајот „Меѓународната верска слобода“, подготвен од страна на Меѓународната канцеларија за верски слободи при Стејт департментот на САД, се наведува дека владите во Австрија, Данска и Франција одиграле клучна улога во институционализацијата на исламофобијата.

Во текстот што следува, низ бројки се дадени дејствијата врз муслиманите, информации кои се преземени од студиите објавени во извештајот што го подготвија различни невладини организации од 27 европски земји.

Австрија

Додека минатата година во Австрија се случиле 1.061 расистички акт врз муслиманите, поголемиот дел, 68% од нив се случиле на дигиталните платформи. Од извршителите на акциите кон муслиманите, 77% биле мажи, а 69 % од жртвите биле жени.

Германија

Додека се забележува пад од 28% на нападите насочени директно кон муслиманите во Германија во споредба со претходната година, регистрирани се 732 антиисламски расистички акции. Во земјата се нападнати 54 џамии, а 43 лица биле цел на физички напади.

Швајцарија

Според податоците на официјалната агенција за статистика на оваа земја, 12% од луѓето покажуваат непријателски ставови кон муслиманите, додека 34% имаат тенденција да веруваат во стереотипи.

Чешка

Според податоците што ги објави Министерството за внатрешни работи на Чешка, 7 од 108-те насилства од омраза извршени во земјата минатата година биле директно извршени врз муслимани.

Финска

Во земјата каде што минатата година беа извршени 852 насилства од омраза, 85% од случаите претставуваат расизам врз основа на етничко потекло, додека околу 13% се поради разлики во религијата и верувањето.

Франција

Откако започна да се спроведува законот за антидискриминација, на кој се спротивставија голем број бранители на човековите права и опозициските партии во Франција, се интензивираа притисоците и дискриминацијата врз муслиманите.

Во согласност со законот, во име на борбата против „тероризмот“ и „радикалниот ислам“, Владата на Франција спроведе практики како што се забрана на исламските симболи, забрана на верски активности и произволно затворање на некои исламски организации во текот на 2021 година.

Во оваа земја биле пријавени 213 антимуслимански акции, од кои половина од нив (109) биле регистрирани како напади врз џамии, здруженија и гробишта кои им припаѓаат на муслиманите, а додека 22% се заведени како физички напади врз поединци.

Оставка поради притисоци во Белгија

Дискриминацијата на муслиманките кои носат шамии во Белгија е зголемена на полето на бизнисот и политиката. Додека жените со 89% се најголеми жртви на антиисламски расистички напади во земјата, 46% од нив се напади што се доживуваат на интернет и во медиумите.

Ихсан Хауач, мароканско-белгиска активистка и политичарка, која беше назначена за владин комесар на Институтот за родова еднаквост во мај 2021 година, поднесе оставка по шест недели поради исламофобичните реакции на кои беше изложена поради носењето шамија.

Холандија

Честа појава во Холандија во последната година беа случаите на испраќање заканувачки писма до џамиите и на домашни адреси на муслиманите во кои се наведува дека „исламот не припаѓа на Холандија“, како и следење на муслиманите.

Дебати предизвика фактот дека Судот овие постапки не ги окарактеризира како кривични дела и реши да не спроведува кривично гонење по тужбите поднесени за заканувачки писма.

Од друга страна, на крајот на 2021 година, големо мнозинство од пратениците во холандскиот Парламент изразија мислење дека специјалните истражни службеници поврзани со полициските сили, дефинирани како „боа“, не треба да носат шамии. Одлуката на Градскиот совет на Утрехт во ноември 2021 година да им се дозволи на припадниците на „боа“ да носат шамии или кипа, наиде на реакција на екстремно десничарските партии.

Според едно истражување спроведено во земјата, 76% од анкетираните изјавиле дека биле изложени на дискриминација поради нивните религиозни убедувања, додека 50% од жените со шамии биле сериозно дискриминирани на интервјуата за работа.

Шведски политичар повика „да не се пука во радикалните исламисти“

Еба Буш, претседателката на Христијанско-демократската партија во Шведска, ја повика полицијата „да не пука во радикални исламисти“, откако некои муслимански групи протестираа против Расмус Палудан, екстремно десничарски политичар од Данска, кој спроведе палења на Куранот во различни делови на Шведска.

Во Шведска, каде што во периодот 2017 – 2021 година се забележани 996 антиисламски акции, констатирано е дека со 20 % децата биле изложени на сериозна дискриминација, особено во секторите на здравството и во образованието.

Шпанија

Во последните пет години има зголемување на расистичките напади во Шпанија за 41%. Се нагласува дека антиисламскиот говор на омраза значително се зголемил, особено на дигиталните платформи.

Англија

Злосторствата од омраза во Англија е зголемено за 9% минатата година. Се наведува дека 45% од сите инциденти евидентирани во категоријата верски мотивирани злосторства од омраза се насочени против муслиманите. Злосторствата извршени во оваа област се зголемени за 291% во последните десет години.

Албанија

Рудолф Николи влезе по пладневната молитва и избоде пет лица во нападот на Џамијата „Хоџа“ во главниот град Тирана на 19 април 2021 година. Николи, откако беше фатен од полицијата, извикуваше „Сите муслимани мора да бидат казнети!“ Минатата година во земјата се регистрирани вкупно 3 случаи на исламофобија.

Во извештајот се наведува дека муслиманската заедница во земјата сѐ уште страда од непочитување на основните човекови права како што се молење, прекривање и протестирање. Исто така, во извештајот се нагласува дека невладините организации имаат важна улога во овој поглед.

Бугарија

Во Бугарија минатата година се извршени шест акции насочени против муслиманите. До израз дојде говорот на омраза кон муслиманите, но физички напади не се регистрирани.

Грција

Минатата година во Грција беа регистрирани 14 случаи на исламофобија. Се истакнува дека во земјата се широко распространети дискриминаторски пристапи кон муслиманите, и во јавноста, и од политичарите и од Грчката православна црква.

Унгарија

Во Унгарија во 2021 година регистрирани се 6 случаи на исламофобија. До израз дојдоа дискриминаторските изјави на премиерот Виктор Орбан против муслиманите. „Мора да се запре имиграцијата бидејќи доаѓаат само муслимани, а тоа го менува христијанскиот културен идентитет на ЕУ“, рече Орбан.

Внимание привлекоа неговите изјави дека евентуалното членство на Босна и Херцеговина во ЕУ ќе биде предизвик за Унијата поради бројното муслиманско население во оваа земја.

Романија

Во Романија регистрирани се вкупно 2 случаи на исламофобија. Покрај тоа што нема голем број пријавени случаи на говор на омраза, резултатите од испитувањата на јавното мислење покажаа дека народот не сака муслимани околу себе.

Од Романците, 68% немаат доверба во муслиманите, 39% од луѓето во земјата не прифаќаат да имаат роднински врски со муслимани, 28% не сакаат да се пријатели и 19% не прифаќаат да бидат колеги.

Повеќе од 60% од населението муслиманите ги гледаат како потенцијална опасност, а 52% од испитаниците сметаат дека нерегуларните мигранти на европските граници треба да се запрат.

AA
Популарни