Како законски се регулирани електричните тротинети во балканските земји?     Фото: 

На плоштадите, на улиците, на тротоарите. Во последните години електричните тротинети се присутни речиси насекаде. Во последната година, нивното присуство низ улиците и патиштата во балканските земји е зголемено и поради енергетската криза која предизвика зголемување на цените на горивата, но и поради инфлацијата, која ја намали куповната моќ на граѓаните. Сето ова придонесе да се зголеми популарноста на електричните тротинети.

Сепак, со зголемувањето на бројот на електрични тротинети во патниот сообраќај, зголемени се и жалбите и поплаките на пешаците, но и на возачите.

Некои од земјите од Западен Балкан со години прават законски измени кои го регулираат учеството на овие алтернативни возила во сообраќајот. Сепак, сè уште има земји кои не презеле никакви чекори во оваа насока.

Северна Македонија: Брзина не поголема од 6 км/ч

Движењето со електрични тротинети по тротоарите во Северна Македонија не може да биде поголема од 6 километри на час. Прекршувањето на оваа одредба која е во сила од 1 јануари 2021 година може да ги чини возачите на електричните тротинети минимум 50 евра.

Од друга страна, движењето низ велосипедските патеки не може да достигне повеќе од 25 километри на час. Минималната возраст за возење на електрични тротинети е 14 години. Ако еден или повеќе возачи на електрични тротинети се движат во група, тогаш тие мора да се движат еден зад друг.

Косово: Во Приштина забранети електричните тротинети

Од 15 август на сите плоштади и јавни простори во Приштина каде има голема фреквенција на пешаци забрането е движење со електрични тротинети. Одлуката ја потпиша градоначалникот на Приштина, Запарим Рама, според која е забрането пуштање во промет на електрични тротинети или мотоцикли.

Електричните тротинети надвор од законите во Србија

Нема конкретна законска одредба за тоа каде треба да циркулираат електричните тротинети во Србија. Недостигаат и точни казни за евентуални прекршоци кои можат да бидат предизвикани од овие и онака многу популарни транспортни средства.

Неофицијалните податоци велат дека минатата година во Србија биле продадени над 40.000 електрични тротинети, од кои повеќето во Белград.

Црна Гора: Без законска основа за казнување

Полициската управа во Црна Гора неодамна иницираше формирање на група која ќе се занимава со измените во одредбите за безбедност на сообраќајот на патиштата, поточно со вклучувањето на електричните тротинети во категоријата транспортни средства.

Во моментов полициските службеници не можат да им изречат казни на возачите на овие возила. Нема законска основа за казни.

Непостоењето закон за електрични тротинети не е причина општинските власти во градот Подгорица да ја субвенционираат набавката на овие нови превозни средства.

Казни од 25 до 125 евра во БиХ

Движењето со електричен тротинет е забрането низ просторот посветен за пешаците во Сараево. Во спротивно возачите на тротинетите ризикуваат да бидат казнети од 25 до 125 евра.

Од друга страна, на електричните тротинети им е дозволено да возат по велосипедски патеки, како и на пат. Доколку нема велосипедска патека, законот вели дека е дозволено движење по коловозот во ширина не поголема од еден метар од десниот раб на коловозот.

Хрватска ги „легализираше“ електричните тротинети

Во Хрватска стапи во сила Законот за измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој електричните тротинети се воведени како нова категорија возила - лично превозно средство.

Со законските измени Хрватите пропишаа услови како, кој и на кои површини може да учествува во сообраќајот. Според медиумските извештаи, во Хрватска, во иднина возачите на електричните тротинети ќе мораат да носат кацига, а нема да смеат да користат слушалки при управување со возилото. Доколку не се почитуваат правилата, возачите на електричните тротинети ќе мораат да платата казна која ќе чини 40 евра.

Личното превозно средство е возило кое не спаѓа ниту во една категорија возила согласно посебните прописи, без место за седење, а чиј работен обим на моторот не е поголем од 25 cm³ или чија трајна сила на електромоторот не е посилна од 0,6 kW и кој на рамен пат не може да развие брзина поголема од 25 километри на час.

Минималната возраст за возење на електричните тротинети во Хрватска е 16 години.

TRT Balkan
Популарни