Поткастите го трансформираат медиумскиот пејзаж      Фото: pexels.com

Преку привлечно раскажување приказни, длабински коментари и лични приказни, поткастите даваат глас на еден нов тип на медиуми кои ги надминуваа традиционалните методи на раскажување.

ТРТ Балкан разговараше со неколку поткастери, популарни во Европа, за тоа зошто овој медиум е толку популарен, што е тоа што го прави уникатен и привлечен за нив.

Поткаст во бројки

Поткастите, аудио снимки што се репродуцираат на барање, обично преку паметните телефони на луѓето, станаа популарни во последниве години.

Според една студија од јули 2021 година за глобалната потрошувачка на поткасти, бројот на слушатели на поткасти ширум светот постојано се зголемува и се предвидува дека ќе расте уште повеќе. Во 2020 година, бројот на слушатели на поткасти ширум светот изнесуваше 332,2 милиони корисници на интернет, додека овој број порасна на 383,7 милиони во 2021 година. Се проценува дека ќе достигне 424 милиони во 2022 година. Врз основа на најновите прогнози, оваа бројка е поставена да надмине 500 милиони за 2024 година.

Најновото истражување на eMarketer покажува дека прифаќаето на поткастите расте, а заедно со тоа расте и побарувачката за неанглиска содржина. Поткаст сцената на Балканот и регионалните јазици штотуку се развиваат. На пример; беше полошо пред една година во Србија, но сега расте. Во моментов има околу 200 поткасти во регионот.

Најновите податоци покажуваат дека Спотифај (Spotify) продолжува да расте на сметка на Apple и Google во голем број земји, а Јутјуб исто така има корист од популарноста на видео и хибридните поткасти.

Загрижува неконтролираниот раст

Постојат голем број студии кој го испитуваа слушањето на поткасти во образовен контекст, но истражувањето за зголемувањето на мејнстрим слушањето поткасти е во развој. Потребата од информации е голем мотив за слушање поткаст од другите посоцијални и емоционални мотиви кај редовните слушатели на поткаст.

Сепак, без никаков механизам за проверка, зголемениот број на поткасти може да биде критикуван, бидејќи секој може да креира и објавува своја содржина без да има главен уредник или медиумски гигант. Многу е тешко да се следат дезинформациите во аудио преносите. Ова ќе биде нешто за размислување во иднина.

Според најновите истражувања, слушателите на поткаст се слободни да избираат од над 2 милиони различни поткасти и можат да одлучат кога и каде ќе ги слушаат. Дополнително, има и над 48 милиони епизоди од април 2021 година.

Адам Рајчард, поткастер кој ја води серијата подкасти „Talk Eastern Europe“ и главен уредник на списанието Нова Источна Европа, вели за ТРТ Балкан

„Околината на поткастот стана многу конкурентна и презаситена со бројот на објави достапни за слушање онлајн. Затоа, препораките, оценките и групните финансирања (краудфандингот) или матични веб страници ќе бидат многу важни во одредувањето на кои се најдобрите поткасти“.

Звукот го менува медиумскиот пејзаж

Поткастите се дел од денешниот медиумски мејнстрим. Преку поткастинг, луѓето се способни да покриваат теми подлабоко, кои честопати не добиваат многу изложеност во традиционалните медиуми. Затоа, во последно време е предмет на дебата дали ќе ги замени традиционалните медиуми или не.

Олга Оликер и Елиса Џобсон ја водат серијата поткасти „Војна и мир“ од Меѓународната кризна група и интервјуираат експерти за сите работи на Европа и на Балканот.

Олга Оликер за ТРТ Балкан вели:

„Според едно неодамнешно истражување, околу четвртина од возрасните во САД (23%) велат дека добиваат вести барем понекогаш од поткасти. Поткастите веројатно нема да ги заменат сите форми на традиционални медиуми, но тие нудат многу атрактивен формат за широка публика“.

Сепак, тие гледаат промена во медиумскиот пејзаж, бидејќи поткастите имаат многу импресивно зголемување на слушаноста додека публиката за традиционалните медиуми опаѓа.

Елиса Џобсон го споделува своето искуство со ТРТ Балкан:

„Имавме бројни повратни информации од креаторите на политики кои рекоа дека немаат нужно време да ги читаат нашите извештаи или мислења и навистина ја ценат можноста да добијат барем дел од нашата анализа од поткаст“.

Двајцата поткастери се согласуваат дека луѓето кои немаат време или трпение да читаат весници или да се прилагодат на вечерните вести, можат да користат поткасти како алтернатива за да добијат подлабока перспектива за одредена тема.

Поткастот создава интимна врска

Поткастите му овозможуваат на слушателот да ги слушне двоумењето, емоциите итн. - сето тоа силно чувство директно во слушалките од мобилните уреди. Ова ги тера луѓето не само да слушаат што мислат луѓето, туку и да се чувствуваат како да се дел од разговорот.

Адам Рајхард споделува едно од неговите искуства со ТРТ Балкан:

„Снимам специјални епизоди само за украинската војна од 24 февруари 2022 година. Во една епизода мојот гостин – украински експерт – пее патриотска песна на крајот од епизодата. Нашите слушатели напишаа дека тоа било толку емотивно што некои од нив биле доведени до солзи“.

Поткастите имаат потенцијал да формираат интимна врска со слушателите.

Олга Оликер додава:

„Бевме на состаноци на кои луѓето ги препознаваа нашите гласови, но не и нашите лица. Што е најважно, тие се сеќаваат на разговорите и ни кажуваат што научиле за нивната работа“.

Вообичаено е за слушателите и поткастерите да градат онлајн заедница, да создаваат групи за дискусија или дури да планираат состаноци за да разговараат за епизодите од нивните омилени поткасти. Поткастот, на некој начин, станува платформа која придонесува и за личниот развој.

Олга Оликер вели:

„Навистина уживав во тоа што можев да организирам поткаст за да станам попаметна, да бидам водител на овој поткаст беше одлична можност за мене да го проширам мојот сопствен поглед на светот“.

TRT Balkan
Популарни